Сензационална победа над државата што има спор со нашето име!

Можеби Грција се обидува секаде каде што може да го избрише нашето име, но ние ги избришавме нивните кошаркари. Најслатката победа во историјата на македонскиот спорт.

Сензационална победа над државата што има спор со нашето име! Македонските кошаркари покажаа дека успехот што го постигнаа против Хрватска не беше случаен – на колена падна и светската кошаркарска велесила, Грција.

Државата која има проблем со нашето постоење, доби неверојатна спортска шлаканица од нашите најдобри кошаркари.

ТВ-преносот од натпреварот во Грција минал со две специфики. Целиот меч коментаторот избегнал да го спомне името на противничката репрезентација на Грција. А со специјална графика било покриена кратенката „МКД“. Ова не помина незабележано и во странските медиуми. Српскиот портал „Б92“ објави наслов „Грците го избришаа името, а Македонците ги збришаа на паркетот“.

 

Нека пукнат грците ..Играа сами ? по се изгледа изгубија од самите себеси затоа што не може да играат со некој кој не постои   ……..еве видео од натпреварот со грција на кое се гледа дека FYR игра со GRE на сите други видеа стои MKD освен на „Elada TV“

http://www.youtube.com/watch?v=1TqLgKyhcgI

Исто го блокораа името и во 2009 ,неможев да најдам видео од ова година но ако некој има нека ми прати линк еве го видеото од 2009 со блокорано име (со кого игра еалада?)

http://www.youtube.com/watch?v=JtmygrRRYmw

А денес 05/09/2011  Македонија ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина со убедливи 75:63

Полн куфер бодови за Македонија!

Македонските кошаркари продолжуваат со феноменалните игри на ЕП во Литванија, а последната репрезентација која настрада од нашите ’Лавови’ и заради нас беше испратена дома, е селекцијата на БиХ.

Репрезентацијата на Македонија ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина со убедливи 75:63 и со тоа изби на првата позиција во групата „Ц“.

Македонија ги живее најславните кошаркарски денови, а за тоа најзаслужни се ’Дванаесетмината на Докузовски’, предводени од капитенот Антиќ, стрелецот МекКејлеб, архитектот Илиевски, ’мудриот’ Гечевски и ’крадецот’ Војдан Стојановски.

Next Post

Да се потсетиме низ видео на Подвизите на Македонската Кошаркарска Репрезентација

Tue Sep 20 , 2011
<p><img src="http://gdb.rferl.org/611B64CD-8BBF-4119-88A7-7C1A1C948F21_w640_s.jpg" border="0" width="300" height="204" /></p>

You May Like