Закана на македонка:„само еден куршум во чело, кога ќе ти дојде време“

zakana-evgenija

Сите сме се соочиле до тие од елада но ова ги поминува сите граници.Текстот е преземен од ОМД.

На 16 декември, грчкиот новинар Панајотис Савидис кој многупати има објавувано за неонацистичката партија Златна Зора и чии антимакедонски статии се промовирани од страна на најголемиот неонацистички форум Stromfront.org, објави статија во најголемиот неделен весник, со дистрибуција на 150.00 примероци – Прото тема. Темата на веста гласеше: „Лекарите, земјоделците.. и Скопјаните се во рацете на СДОЕ.“

“Скопјан” е еуфемистички термин за изразување на омраза, и се применува за обраќање на етничките Македонци од страна на службениците на Златна Зора како и членови на другите мејнстрим грчки политички партии, од страна на десничарските грчки медиуми, дури и од страна на Грчката православна црква, како на пример епископот Антимос од Солун. Грчките политичари во дијаспората, како на пример канадскиот пратеник Џим Каријанис, исто така, го користат овој термин. “SDOE” е референца за Грчкиот оддел за финансиски и економски криминал.

На статијата беа објавени и фотографии од Нацилиду (превземени од страната на ОМД) на кои таа се наоѓа на подиумот за верме на гала вечерата во Торонто. Овие фотографии според грчкиот закон се добиени и користени на нелегален начин. Текстот содржи широк спектар на лажни обвинувања и клевети против Нацилиду и против организацијата “Едукативно и културно друштво на Едеса/Воден“ на кое таа припаѓа и кое го промовира македонскиот јазик, култура и народни традиции. Некои од клеветите во статијата се: “…SDOE ги откри скопските агенти…”, “… Запрете ги црните пари за иредентистичката пропаганда,…” и други лажни обвиненија за шпионажа, кои потенцијално можат да поттикннат насилство.

EugeniaНа 4 јануари поднесена е тужба против Савидес, Прото тема, како и сите други медиуми кои ја пренесоа статијата во јавното обвинителство на Воден.

Обвиненијата се однесуваат на членовите 362 и 363 од грчкиот кривичен законик, член 2 од законот за спречување на расизам, членот 5 од грчкиот устав, како и други релевантни грчки закони.

За време на објавувањето на статијата во Прото тема, Фејсбук корисникот со име Калоупис Димитриос на ѕидот на Нацилиду, напиша “Јас ти кажувам уште еднаш ти мала Словенке… само еден куршум во твоето чело, кога ќе ти дојде време!” Нејасно е дали двата случаја се поврзани, па затоа поднесена е посебна тужба против Фејсбук корисникот до одделот за електронски злосторства на грчката полиција.

Трет инцидент се случи на 26 ноември 2012 година, кога грчки новинар познат по јавните клевети на Македонците, влегол во салата за танцување во Воден. Нацилиду била присутна на часови по македонски ора кои биле организирани без одобрување од страна на локалните власти. Новинарот ги прекинал часовите кога без дозвола почнал агресивно да ги фотографира луѓето кои биле присутни. Еден од учениците на часовите поднесол жалба против новинарот во локалната полиција.

Изјавата на Нацилиду тука

UMD Rep. Receives Death Threats, Files Lawsuit Against Greek Media

 

Next Post

Зошто се исмејуваме со иселениците во дијаспората? (видео)

Tue Apr 2 , 2013
Исто исмејување но сега во видео форма беше објавено и на kajgana.com  каде каде корисникот Youtube stefan037 направил еден вид пародија во која се измејува на девојчето.   Девојчето кое го направило видеото се вика Ивана и најверојатно е родена во Канада па македонскиот јазик морала да го научи во […]
mapa-gradovi

You May Like