Благодарност на сите од ОМД што помогнаа за гала во Чикаго

gala-cetvoricaМожам да кажам дека ми беше задоволство да присуствувам на една ваква свеченост ,која помина со многу работа особено од страна на сите доброволци но посебно од Наталија и Ана но да не го заботавам главниот винковник за овој настан Мето. Ми беше чест да бидам еден од тие што ја планираа оваа гала и длабоко им се заблагодарувам на сите што ми дадоа можност да бидам дел од овој историски настан.

Многу бев воодушевен од говорот на кој го упати претседателот Ѓорѓе Иванов.

gala-cetvorica

Преземено од Македонска Телевизија

„Бидете спокојни. Никој на овој свет не може и нема да може да ни го земе нашиот идентитет. Никогаш нема да прифатиме уцени, никогаш нема да потклекнеме пред ултиматуми, ќе успееме да ги оствариме нашите стратешки цели. За нас прашањето никогаш не било дали Македонија ќе стане членка на НАТО, туку кога ќе стане членка, и што поскоро – тоа подобро. До тогаш ние самите, сплотени ќе ја создаваме нашата успешна европска и евро-атланска иднина. Ќе ги реализираме целите, ќе имаме членство и во ЕУ и во НАТО. Таму ќе бидеме тоа што сме. Друга опција не постои”, изјави д-р Ѓорѓе Иванов,

 

 

Но сите мора да признаеме звезда на вечерта беше Ахмет Давитоглу, министер за надворешни работи на Р. Турција кој изјави

„Република Македонија треба да биде членка на НАТО под уставното име и ние тоа секогаш ќе го поддржуваме. Јас не само што сум само пријател на Македонија, туку се чувствувам како Македонец”

Покрај бројните настапи и јас мора како весникот Велер мора да го издвојам настапот на групата Бисери за прекрасните ора, и покрај малите недоразбирања кои настанаа помешу водичот на групата и организаторите.
„На гала-вечерата во најстариот Хилтон во Чикаго, свои настапи имаа повеќе културно-уметнички друштва. Во едно од нив, Балкан – Кинез играше за Македонија, односно е дел од македонската машка трупа. На возраст е од околу 50- тина години и не се лути кога присутните го прашуваа што бара Јапонец во македонско културно-уметничко друштво. Не се качи на тапан, ама не се ни тргна од првиот ред.“ Пишува весникот Вечер.

 

Преземено од Канал 5

Next Post

Охрид поплавен од поројниот дожд (Фото/видео)

Sat Aug 11 , 2012
Вчера Охрид, а и југозападниот дел од Македонија беше зафатен од пороен дожд и грмотевици. Таквото време предизвика проблеми со струјата, комуникациите, но и во собраќајот каде улиците во Охрид а и чаршијата беа поплавени. На сликата горе се гледа дека буквално се направил водопад по познатите “скалички“ во Охрид. […]

You May Like