Мојот прв проект беше помагајќи да се организира ОМД Чикаго премиерата на филмот „Име е Име“. Присуствуваа 400 луѓе, вклучувајќи ги и претставниците од канцеларијата на гувернерот од Илиноис, Канцеларијата од градоначалникот на Чикаго , и 13 конзули . Искрено верувам дека ја постигнавме нашата мисија да ја едуцираме публиката зошто ние Македонците никогаш нема да се откажеме од нашето име, и никогаш нема да подлегнеме на притисок.
Во средината на ноември, за време на мојот следен проект, јас и тимот од Чикаго почнавме да ги зацврстуваме нашите напори во Чикаго со официјалното отворање на ОМД во Чикаго. Некои се прашуваат зошто Чикаго? Тоа е трет нај-голем град во САД, регионален економски и политички центар, и домаќин на канцелариите на 80 дипломатски мисии.
Македонско-американската заедница во Чикаго е стара повеќе од еден век, емигрирќи во Чикаго на крајот на векот и помагајќи да се изградат железнички пруги и челичарници. Сепак смислата на заедницата за единство се чини дека се губи низ годините. Лично се надевам и е моја мисија, дека со поддршка на ОМД, не само нашата локална операција ќе расте и да се зајакне, но сите Македонци од дијаспората ќе продолжат да имаат корист од застапување и неуморни напори на ОМД да ги заштитиме нашите интереси, име, човекови права, идентитетот и културата – како и македонската кауза!
Еден ден пред лансирање на ОМД Чикаго, јас заедно со претседател на ОМД Мето Колоски и Советодавниот член на ОМД Советотникот Џери Наумоф одржавме состанок каде што ја споделивме нашата визија со Генералниот конзулот на Република Македонија во Чикаго Јакуп Реџепи. Ние, исто така се сретнавме со Американскиот еврејски комитет (АЕК). Целта на ОМД е отсекогаш била да се изградат односи со другите етнички групи, со цел да се запознаат едните со другите, и да работат заедно на прашања од заеднички интерес.
АЕК е повеќе од еден век стара и е гласник и првенец за воспоставување на независен и безбеден Израел во САД и во светот. Францускиот претседател Николас Саркози, кој како што знаете има еврејско потекло од Солун, неодамна истакна дека АЕК е “најефикасена, највлијателна и најпочитувана американско еврејска организации.”
Се надевам еден ден и ОМД ќе добие слично признание од светскити лидери и дека нашата заедница на македонската дијаспора ќе ирасне и ќе стане силна и просперитетна како и еврејската заедница. Работа на ОМД веќе е призната од страна на некои светски лидери , вклучувајќи го канадскиот премиер Стивен Харпер, кој прими делегација на ОМД во Отава во ноември 2010 година и ја поздрави наградата на ОМД Гоце Делчев што ја му ја додели ОМД за неговиот чин на државништво и целосно признавање на Македонија. Македонскиот претседател Ѓорги Иванов, исто така ја препозна важна работа на ОМД во писмото се наведува “Јас сум лично благодарен на Македонската Дијаспора, и преку организации како што е Обединетата Македонска Дијаспора, за тоа што се амбасадори на нивната татковина, Македонија.”
Каде би била ОМД ако нема луѓе како јас и ти , кои го подаруваме нашето време за да помогнеме во изградбата на ОМД, и луѓе кои донираат за да се поддржи важна работа ОМД ?
Поважно прашање би било каде би било глобалното застапување на Македонија ако ги нема важните напори на ОМД?
2012 е важна година за Македонија и за македонската кауза. На 20-21 мај 2012 година, Чикаго ќе биде домаќин на самитот на НАТО (една од причините за важноста на ОМД-Чикаго ). ОМД е потребно да се организира во знак на поддршка на членството во НАТО на Македонија. Во октомври 2012 година, ќе се обележи 100-годишнината од почетокот на Првата балканска војна (1912), кој започна на геноцидот врз македонскиот народ, и евентуално поделба на Македонија. ОМД е потребно да се едуцира јавноста за борбата на нашиот народ се соочуваат.
Ни треба ОМД да продолжи да биде исто толку ефикасна како што беше во 2011 година, и дури и повеќе, во 2012 година, и за многу години понатака.
Ве молам запомнете зошто нашите предци се бореа ,никогаш не заборавете. Јас сум горда македонка (I am a proud Macedonian!). Време е и ние да направиме промена, и да им обезбедиме на нашите деца, како и на мојот пет-годишен син Вангел – крстен во чест на неговиот прадедо, Вангел Бетински – секогаш ќе има право да се каже дека доаѓа од татковина која се вика Македонија, и гордо се идентификуваат како Македонец и да им биде дозволено слободно да зборуваат македонски.
Ви благодарам што ја прочитавте мојотава порака и за помагање на ОМД, но уште поважно, за помагање на Македонија и македонската кауза.
Со почит,
Natalia Buling
Proud Macedonian/Горда Македонка
Proud Supporter of the United Macedonian Diaspora
Committee Member – UMD Chicago Branch
Ве молиме за 5-минутна анкета за приоритетите на ОМД во 2012 година. Вашето мислење е ценето! Кликнете тука
Оргиналната порака на Англиски може да се прочита тука