Грчки митрополит Антимос поттикнува за насилство против Македонците

Ги повикувам сите Македонци од Солун и Егејска Македонија  да се започне случај против Митрополитот Антимос за екскомуникација (бркање од Грчката Црквата) и кривична пријава против Грчкиот Митрополитот Антимос од Солун . Како што известуваат од Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) А јас исто прочитав на Сител Грчкиот Митрополитот Антимос од Солун Во Неделата на 14 Август, 2011 година, Митрополитот Антимос го изјави следново, кое е снимено на видео:

“Ние имаме некои од тие кои беа оставени тука од Граѓанската војна, како што ние го нарекуваме, тоа тежок период, кој не заминаа на другата страна и остана тука со нас …

[Тие] сега се револтираат, и се поттикнати од странство од страна на Скопска [sic] пропаганда … Тоа е причината зошто ние се обративме до Министерството за внатрешни работи и заменик-министрите одговорни за медиумите да ни каже:вистински ли е, таква радио станица ќе има во Мелити… Да или Не. ?Ако одговорот е да, тогаш јас, со младината и било кој друг кој сака … [со] најмалку 40 или 50 автобуси мора да одиме таму, и заедно со нашите браќа во Флорина и Мелити ние ќе го уништи сето тоа во скршени стакла и нокти… Не е можно да се заврши работата поинаку. ”

Денес, ОМД го повикува Македонското малцинство во Овчарани, и градоначалникот на градот, Панде Ашлаков, ** и организаторите на наведената радио станица, да се започне случај против Митрополитот Антимос, и да се побара од Јавното обвинителство да се поднесе соодветна пријава според грчкиот закон. ОМД смета дека јавниот повик на Митрополитот Антимос на насилство е јасно прекршување на грчкиот закон, а јавниот обвинител мора да интервенира.

Еве го видеото (Превод на македонски има На Видеото котистете  го копчето за превод)

Сител Известува

Да се искрши македонската радиостаница во Лерин. Испровоциран од најавата за отворање на радио на македонски, Солунскиот Митрополит  Антимос, ги повика Грците да се соберат и на вандалски начин да спречат на грчка територија да се емитува програма на македонски јазик

Next Post

Сензационална победа над државата што има спор со нашето име!

Mon Sep 5 , 2011
<p><img src="http://www.b92.net/news/pics/2011/09/1530155684e6273058cbcf362114413_size3.jpg" border="0" width="300" height="240" style="float: left; border: 0;" />Можеби Грција се обидува секаде каде што може да го избрише нашето име, но ние ги избришавме нивните кошаркари. Најслатката победа во историјата на македонскиот спорт.</p> <p>Сензационална победа над државата што има спор со нашето име! Македонските кошаркари покажаа дека успехот што го постигнаа против Хрватска не беше случаен – на колена падна и светската кошаркарска велесила, Грција.</p> <p>Државата која има проблем со нашето постоење, доби неверојатна спортска шлаканица од нашите најдобри кошаркари.</p>

You May Like