Во извештајот од 11 ти Август , 2011 се слави Охридскиот Рамковен Договор (ОРД) за смирување на меѓуетничките тензии, но потоа се жали за зголемување на етничката сегрегација во училиштата, игнорирајќи дека токму условите на Охридскиот Рамковен Договор се разултати за тоа да биде неизбежено. “Во однос на етничката хармонија, одвоени училници дефинитивно се чекор назад, но МКГ не препознава во целост дека ова е благодарение на Охридскиот рамковен договор. Или МКГ не се потрудиле да го прочитаат Делот 6 од договорот што го подржуваат, или пак тие не можат да прифатат ‘Да’ за одговор “, изјави претседавачот на Бордот на ОМД Стојан Николов.
Во извештајот македонските херои/статуии се опишуваат дрско и “навредливо” кон тие што не се македонци, а доста неверојатно барајќи земјата да се преименува себеси во “Република Северна Македонија” за сите меѓународни односи. “Огромно мнозинство во светот – преку 130 земји, вклучувајќи ги и САД, Обединетото Кралство, Кина, Русија и Канада -. веќе ја признаа Република Македонија под нејзиното едно и единствено име. Сепак некои меѓународни тинк танкови (think tanks) како МКГ одбиваат да ја прифатат реалноста. Тие исто така, се прават слепи на многу несовесните провокации на Грција и за злоделата во изминатите години “, рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски.
Извештајот на МКГ од 2011 љубопитно и противречно оди спротивно на извештајот на МКГ од 2001 година , во кој е вклучено следново: “Обичните Македонци длабоко го мразат начинот на кој Охридскиот договор беше постигнат, (што е) валидна жалба .Целта за претворање на Македонија во “граѓанска држава” ја прави Македонија аномалија во регионот на дефинитивно “етничка” држава, од кои се придржуваат трите основните предизвици за македонскиот идентитет. Грција става вето на меѓународното признавање на името на Македонија, Србија ја негира автокефалноста на Македонската православна црква, и Бугарија прифаќајќи ја Македонија како држава, го негира постоењето на Македонскиот јазик и Македонската нација. ”
Во меѓувреме, во извештајот на МКГ од 2001 година само се повикува на билатерален договор меѓу Скопје и Атина врз основа на терминот Република Македонија. “Оригиналниот извештај од 2001 година е далеку од совршен, всушност оваа нова верзија јасно ја става непристрасноста на МКГ и легитимитетот во прашање,” изјави Николов.
“Македонија отсекогаш била лидер во знак на поддршка на правата на малцинствата во регионот. Македонците во Грција ќе слават по улици, ако ги имаат само половина од привилегите кои ги уживаат малцинствата во Македонија, дури и пред Охридскиот Рамковен Договор”, изјави директорот на канадските врски на ОМД ,Џим Даикос. “Сепак, ставот од Брисел и Атина е секогаш ист:” Прави како што велам, а не како јас правам. ”
За повеќе информаци:
2011 МКГ Извештај за Македонија: http://www.crisisgroup.org/en/regions/europe/balkans/macedonia/212-macedonia-ten-years-after-the-conflict.aspx
2001 МКГ Извештај за Македонија: http://www.crisisgroup.org/en/regions/europe/balkans/macedonia/122-macedonias-name-why-the-dispute-matters-and-how-to-resolve-it.aspx
Оргиналниот текст од Охридскиот Рамковен Договор: http://faq.macedonia.org/politics/framework_agreement.pdf
Текстот е преведен од GjokoMk Оргиналнит на Англиски е тука