Стартуваше филијалата на ОМД во Чикаго

Во саботатата (12ти Ноември) во Чикаго беше отворена филијала на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) во Чикаго . На настанот говор одржаа  Генералниот Конзул На Република Македонија во Чикаго Јакуп Реџепи ,и Членови на одборот на Обединета Македонска Дијаспора Стојан Николов и Џери Наумоф ..

(Поглерднете го видеото)

„Само да ве потсетам кои се столбовите за зачувување на нацијата тоа се: јазикот, културата и традицијата. Во секоја прилика не ми е тешко не ми е страм да ве потсетам учете го јазикот негувајте ја културата традицијата и историјата. “ рече Јакуп Реџепи.

 

„Кога ги слушам вашите приказни ги буди меморите за моите баба и дедо и други мои роднини ги оживува нов и не можам да не мислам на нив особено на мои години …нивата посветеност и големата љубов кон нивната фамилија, тие би сториле се за нивната фамилија како и вашите баба и дедо.. “.  рече Џери Наумоф кој како успешен бизнисмен и советник во панелот на ОМД од САД одржа емотивен говор.

 

 

На настанот представничката на Обединета Македонска Дијаспора и водич на групата од Чикаго Наталија Булинг и врачи стипендија на талентираната Невена Нешкоска која е родена во Охрид .Невена пишуваќи есеј како на натпревар била избрана за Стипендијата во покровителство на Џон Битов.. Невена заблагодаруваќи се на нејзината фамилија и нејзиниот ментор Аса Гордон нагласи „ Не е лесно да се биде македонец кога твојот идентитет е оспоруван од сите страни ,и би ве советувала да постапувате како што јас постапувам секогаш значи секогаш со гордост да се претставувате како македонци исто така со главата горе да го браните нашето име и идентитет бидеќи тоа е најсуштинското нешто за нашето постоење“

На настанот присуствуваа околу стотина угледни граѓани од Чикаго македонци и подржувачи на македонската заедница меѓу кои беа семејството Реџепи и Конзулот Миле Миленкоски. Колоски настанот го отцени како доста успешен нагласувачи дека Чикаго како еден од трите најдолеми градови во САД е од големо значење за поставување преставништво на ОМД затоа што во Чикаго има преку 80 Дипломатски преставништва и Македонсците започнале да се населуваат во околината на Чикаго дури во далечната 1890 Год.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Next Post

Охридскиот градоначалник со луди идеи

Sun Nov 20 , 2011
<p><img class=" alignleft size-full wp-image-41" src="http://gjokomk.com/wordpress/wp-content/uploads/2011/11/petreski-vo-kajce.jpg" border="0" width="300" height="180" style="float: left;" width="465" height="311" />„Туристите кои сакаат да го посетат најголемиот македонски туристички центар во иднина ќе мора да платат по едно евро, на трите рампи за влез во градот кај Подмолје, Косел и Пештани.“ Ваква идеја има охридскиот градоначалник Александар Петрески ..</p> <p>Знаеме дека Охрид е во долгови до гуша но како ќе ги привлече туристите во Охрид со наплаќање влез за во Охрид? Или па ќе почне да бара пасоши ?</p>

You May Like