10 години по Охридскиот Рамковен договор Али Ахмети изјавува: Не сум „чувар на мирот“

Македонската Православна црква Свети Анастасиј во Лешок, Тетовско, Македонија, најмногу беше уништен од страна на терористите на ОНА во август 2001 година, по постоење на тоа место уште од 14-от век. Бомбардирањето останува траен симбол на насилно на албанскиот екстремизам во Македонија. Сторителите на ова кривично дело никогаш не беа изведени пред лицето на правдата. Црквата е една од најзначајните верски и културни споменици во Македонија..

10-годишнината од Охридскиот Рамковен Договор  , Обединетата Македонска Дијаспора („ОМД“) ја изразува својатот револт на неодамнешните коментари на Али Ахмети лидерот на Демократската унија за Интеграција (ДУИ), на својот недостаток за посветеност на мирот во регионот, ОМД исто така става знак прашалник на неговата посветеност на државата во која сега служи и во која има владејачка коалиција . Ахмети, како поборник за Охридскиот Рамковен Договор, треба да биде свесен за обезбедување на договорот „Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања“.

На Август 3, 2011, Ахмети разговараше со Дојче Веле на оваа тема за поделба на Косово: „Ако има обиди за промена на границите,(во Косово) јас не преземам одговорност да бидам чувар на мирот во Македонија зашто може да се дојде до ситуација, (на албански) луѓето сами да се организираат и да не може никој да ги контролира како во 1999-та и 2001-та година. Ако такво нешто се случи… никој не може да гарантира дека Албанците нема да се организираат на заеднички фронт, ако се заканети како целина.“

„Али Ахмети и членовите на партијата ДУИ се македонски државјани, а не претставници на Косово.“ изјави претседателот на ОМД Стојан Николов, „Македонците државјани од Албанска припадност постојано треба да работат кон градење на една просперитетна, стабилна, и суверена Македонија, која ќе ја заштитат од било какви непријатели, странски или домашни. Ако Охридскиот Рамковен Договор беше само отскочен камен кон стариот сон за Голема Албанија на Балканот, е тогаш можам да видам како ДУИ предвидува дека ќе има повеќе нестабилност во регионот.“

Како последица на војна во Косово во 1999 година Македонија прифати масовен прилив на 400 000 бегалци од албанско етничко потекло, и доби меѓународно признание за огромните хуманитарни напори. Сепак, помалку од две години подоцна, елементи на Ал-Каеда поврзани со ОВК (Ослободителната Војска на Косово) ги здружија силите со локалните герилци, ребрендираќи се себеси како ОНА (Ослободителна Народна Армија), и напаѓајќи ја  Македонија, во јануари 2001 година.

Наоружани со нападно оружје, минофрлачи и ракети, ОНА започна серија крвави напади врз цивилни и цели на Армијата на Република Македонија , тероризирајќи ја целата популација, палеќи згради и куќи, и дестабилизираќи ја на земјата. Се на се, околу 200 луѓе  беа убиени во насилството, и многу повеќе беа повредени..

Во обид да се стави крај на конфликтот, измачената Македонска влада во тоа време направи длабоко контроверзна одлука да се потпише Охридскиот Рамковен Договор на 13 август 2001 година. Договорот содржи различни спорни одредби, како што е доделување на албански јазик полу-официјален статус во пограничните региони со Косово и Албанија, во замена за целосен прекин на огнот и разоружување на терористите на ОНА.

„Под големи внатрешни и надворешни притисоци, Охридскиот договор беше продаден на Македонскиот народ како мировен “одговор“ на етничките албански барања за поголема моќ во Македонија“, изјави Уредникот на ОМД Глас Марк Бранов , „Но 10 години подоцна, Македонскиот народ почнуваат да се соочува со фактот дека овој договор покренува многу повеќе прашања отколку одговори. Охридскиот Рамковен Договор воведе различни длабока и трајна отстапки за албанското малцинство во Македонија, кои се нечуени во регионот, особено во земјите како Грција и Бугарија. Коментарите на Ахмети  само нагласија дека Охридскиот Рамковен Договор не гарантира ништо од албанската страна за возврат. Во 2001 година, Ахмети ја замени  неговата маскирна воена униформа за костум и вратоврска, но 10 години подоцна, неговата реторика и понатаму останува иста. Ако се дозвли лесно да се извлечеш со тоа, се испраќа порака дека насилството е клучот за политичка моќ, а не демократија.“

Али Ахмети Кратка Биографија

Али Ахмети е роден во Зајас, Македонија, историското родното место на Балистот борец Мефаил Шеху, кој се борел за Голема Албанија во злогласната нацистички СС дивизија Скендербег, во Втората светска војна. Ахмети се приклучува на албанските сепаратистички движења како студент на Универзитетот во Приштина во почетокот на 80-тите, а подоцна бил затворен на една година од страна на српските власти. Ахмети беше избран за врховен командант на ОНА во 2001 година, која беше официјално призната од страна на САД како терористичка организација истата година. Сепак, по потпишување на Охридскиот Рамковен Договор, Хашкиот трибунал одбра да не подига обвинение против Ахмети за воени злосторства, на разочарување на семејствата на жртвите. Во 2002 година, Ахмети ја основа политичката партија ДУИ, која доби голем број гласови во следните демократски избори, и влезе во владејачката коалиција во 2008 година..

Текстот е преведен од GjokoMk оргинален на Англиски го има тука

Leave a Reply

Next Post

ОМД ја повикува МКГ да го повлечат извештајот за Македонија

Sat Aug 20 , 2011
<p><img src="http://vecer.com.mk/WBStorage/Articles/221658B5861AFA41A1D0896C5AB9B593.jpg" border="0" width="250" height="187" style="float: left;" />Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја повикува организацијата за истражување,  Меѓународна кризна група (МКГ) да го повлече својот најнов извештај за Македонија. Во извештајот нема кредибилитет поради својата бесрамна пристрасност - потврдена од своја страна за своите симпатизерски потреби, селективното и погрешно претставување на информации и недоследноста на своите позиции утврдени во претходните извештаи на МКГ.  ОМД смета дека овие големи недостатоци ставаат едно фундаментално прашање, дали ваквите примедби се валидни во документот.</p> <p> </p>

You May Like