Сите сакаат да бидат Македонци! Стоп на Грчка Пропаганда!

Бугарите од мали нозе ги учат дека Македонците се Бугари и дека Кирил и Методи се Бугари исто и Климент и Наум биле Бугари ..Ние знаеме дека сме Македонци и никој не може да не убедит поинаку … Претпоставувам и Грциве ги учеле нешто слично па затоа нивната Пропаганда не престанува .

Во средината на осумдесетите години името Македонија не само што беше табу-тема за Грциа туку беше и забрнето да се изговара било каде внатре во грција. Иако беше забрането сите ние од тогашна Социјалистичка Република Македонија барем двапати годишно одевме на одмор и на шопинг во грција, меѓу кои бев и јас , но не можам а да не се сетам на некои од настаните што се случуваа во тоа време. Јас иако тинејџер во тоа време бев сведок на неколку настани што се случија пред мои очи и на самата граница со Грција и внатре во грција.

Така еднаш кога се враќавме со моите родители од одмор од Лептокарија на граница имаше кола со Битолски регистарски таблички ,чекајки да ја минеме границата и да влеземе во тогашна СФРЈ одеднаш истрчаја грчките граничари и почнаа нешто да викаат по еден човек кој беше од колата пред нас. Така викајќи му отворија во багажот на колата и почнаа се што беше во неговиот багаж да вадат и да фрлаат на земја без грижа колку штета ќе направат. Јас од љубопитност излегов да видам што се случува и доближуваќи се према колата еден од цариниците се заврти кон мене и на македонски ми рече „влегувај назад во колата“ , јас го послушав, но не ми беше јасно што се случува. Кога дојдовме до нашата граница го запрашав човекот со битолски таблици „што се случи на грчката страна“ човекот се насмевна и ми вика „зборуваат македонски и кога им реков дека бев во Лерин ги фати малце паника, а кога реков дека си одам дома во Македонија полудеја и ми искршија ’се што имав купено во Лерин“. Јас зачуден се вратив во нашата кола и до ден денес неможам да им се начудам, но од тогаш има многу такви и полоши настани.

Дека името Македонија беше забрането да се изговара потврдуваат многу настани и потези од грчка страна,но пред Република Македонија да стани независна се сеќавам на еден настан што се случи во Лерин ,или како што би рекле грците Флорина. Така еднаш во една продавница во Лерин таткоми плаќаше за купена роба и му вратија кусур драхми кои беа скоро не употребени ,значи само што ги исковале и на нив беше сонцето или звездата на вергина (Ѕвездата од Кутлеш) како што сакаат да нагласат грците ,но тоа не беше чудниот дел за мене , не ми беше многу јасено како може да биде толку чиста и нова кованицата а на неја пишува дека е произведена пред 8 до 10 години ?

Драхма 1982Драхма 1990

Така разговараќи меѓу нас не слушна еден човек кој вика од каде сте? , ние одговоривме Македонија ,Охрид , човекот се зачуди и вика „незнаев дека имало друга Македонија ,ние само за оваа ,(егејска) нашава знаеме но ај да излеземе надвор да не не слушне некој како го зборуваме забранетиот јазик“ .Така поразговараа со татко ми и си замина,јас само слушав ,и не ми беше јасно како некој може да не знае дека Македонија постои и во склоп на СФРЈ.

Често грците не обвинуваат нас македонците дека сме ја украле нивната историја,истото обвинените беше поставено како одговор на написот на Марк Бранов и Мето Колоски од ОМД во канадскиот весник „National Post“ .Никона Георгакопулос напиша :„Не се Грците тие што го присвојуваат брендот Македонија – туку тоа е ПЈРМ преку обидите од нејзиното формирање да ја узурпираат грчката историја и симболи”..

Воден во средина на 80 те
Воден во средина на 80-те
Воден денес
Воден денес

Ако е тоа вистина господинте Георгакопулос зошто во средината на осумдесетите и во почетокот на деведесетите години можеа да се најдат нови грчки пари ,драхми кои беја печатени со дата од пред 10 години?, Зошто масовно се градеја плоштади кои вклучуваа знаци како што е Ѕвездата од Кутлеш ? Зошто во воден сега има огрмен знак на Македонското сонце кој го немаше во 1985? Има само едно објаснивање и се вика Фалсификат,да фалсификување на една историја која грците викаат дека е нивна . Кој сега на кого ја кради историјата? Во која земја има збунувачки написи како Добредојде во Грција и на истиот напис Добредојде во Македонија?… Каде дојдов јас би се запрашал некој во Macedonia или Elada?..

Кога ја прашав мојата сега покојна баба Јорда која доживеа 96 години „што сум јас бабо? бугарн ,србин или грк“ .. таја ми одговори „УУУ СКРАЈА било шо ти е тебе синко ,Македонци сме шо мојме да бидиме друго!!!“Земајки го фактот дека ние сите од мојата фамилија потеквиме од Баба Јорда Јас сум Македонец и ке останам МАКЕДОНЕЦ!!!

Затоа јас го поздравувам написот на Марк Бранов и Мето Колоски од Обединетата Македонска Дијаспора  во канадскиот весник „National Post“ и ја подржувам целосната работа на Обединетата Македонска Дијаспора  ,и предлагам сите кои можат да ја подржат Обединетата Македонска Дијаспора да го сторат тоа .Затоа што јас не знам дуга организација која се бори за Македонската кауза повеќе од ОМД.

Бараќи македонски организации низ Дијаспората наидов на многу коруптирани организации кои тврдеа дека се патриот за Македонија но кога поразговарав со членовите сите викаа дека се бугари или нешто друго, што не може да се сретне во редовите на Обединетата Македонска Дијаспора . Обединетата Македонска Дијаспора  е една и единствена со чиста идеја за Македонија, јас ја поджувам ОМД и ве охрабрувам и вие да станете член ,ако веќе не сте го сториле тоа.

Are you a member of UMD? If not, please click here to learn about membership benefits:

http://umdiaspora.org/content/view/521/1/

Next Post

Обезбедете го правото на нашите деца да се нарекуваат Македонци!

Thu Dec 29 , 2011
<p><img style="float: right;" src="http://ih.constantcontact.com/fs033/1101742909891/img/223.jpg?a=1109017894509" alt="Left to right: Natalia Buling, AJC Chicago's Jon Schweitzer and Jane Charney, and Meto Koloski" width="300" /><span style="color: #999999; font-size: 11px; line-height: 19px; text-transform: capitalize; background-color: #f5f5f5;"> Пишува Natalia Buling</span></p> <p>Поздрав! Во 2010 година, јас ја почнав мојата посветеност на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД). Дел од причината за мојата посветеност е татко ми Тале, кој е активен во ОМД веќе неколку години, и двајцата моите родители се горди Македонци, како што беа нивните родители и баби и дедовци. Но, друга причина беше да придонесам на моето наследство и да го заштитам мојот идентитет како Македонка!</p>

You May Like