Светот е пред нова револуција во образовниот систем

Светот е пред  нова револуција  во образовниот систем. Технолошкиот напредок ги извади учениците од училниците, ги разобличи класичните наставни програми, постави нови правила, лаптпопи, наместо тетратки и книги.

Сингапур, Кореја, Јордан, Романија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, па и Македонија  се само дел од алката која ја почна Интел со својата глобална стратегија за подобрување на образованието и неговата медологија во денешно време низ повеќе од 60 земји во светот.

Во Британија е реализиран проектот во кој децата од најсиромашните семејства добиле лаптоп на подарок, постапка која резултирала со квалитетни промени во статистиката на образованието. Аргентина е земјата која покажала особени резулутати во спровеувањето на  слична образовна програма,  бидејки владата ја спровела брзо и без отстапувања со цел достугнување очекувани резултати-вели Мартина Рут, менаџерката за образовните програми во Интел.

Денешните генерации млади луѓе своете знаење го собираат од компјутерите, мобилните телефони, наместо од книгите. Токму поради оваа причина наставниците мора да бидат секогаш чекор напред со технолошката едукација,  за  да станат авторитет кој ќе може да им пренесува знаење на учениците. Книгите за новите генерации полека стануваат минато.  Учениците преку интернет своето образование може да го добијат во било која светска земја која сами ќе ја одберат. Границите во образованието веќе не постојат.

На Балканот, поголем дел од вработените во образовниот сектор неподготвени да го фатат ритамот на оваа глобална програма за подобрување на образованието.  Ниските плати ги прават наставниците незаинтересирани за новите позитивни програми, па  тие повеќе се фокусираат на штрајкови за подобрување на својата лична социјална слика одколку подобра едуцираност . Ова треба да се смени веднаш, бидејки без квалитатвни подобрувања на технолошката едукација кај наставниците, ќе изостанат резултатите и во нивните социјални статуси, а поважно е тоа што децата ќе немаат интерес за образуваност, сугерира водечкиот тим на интернационални едукатори на Интел.

Академици, преставници на влади,  наставен кадар и медиумите ја разлгедуваа улогата на технологијата во трансформирањето на образованието, употребата на јавното приватно партнерство и практичните резултати низ Европа во Саламанка во Шпанија.

Саламанка е најголемиот, но и еден од најстарите универзитески центри во Европа кој мометално едуцира и сместува повеќе од 50 000 студенти.

Интел верува дека младите луѓе се клучот за решавање на глобалните предизвици. Математиката и науката се на некој начин основа за изнаоѓање на идеалното решевање на проблемите со кои се соочуваат од една страна младите луѓе, но од друга, нивните учители и воспитувачи во 21-от век, заедно со креаторите на политиката во секоја земја во светот. Вештините како што се критичкото размислување, соработката, но и решавањето на проблемоте се од суштинско значење за нивниот успех. Затоа ние, родителите, наставниците, па дури и владините преставници и медиумите, како  насочувачи на младите луѓе, треба да им помогнме да ги адаптираат своите животите  преку образованието.

Интел иницијативата е единствена по тоа што  корпорацијата Интел секогаш работи заедно со Владите на избраните земји, така што активностите се интегрираат во корените на земјата.

Интензивната соработка меѓу Корпорацијата Интел и Македонската Влада трае повеќе од три години, уште од  средбата во Сан Франциско и посетата на Претставници на нашата Влада на чело со Премиерот Никола Груевски во седиштето на Интел во Силиконската долина, во 2008. Од тогаш наваму, во 2009та се потпишаа два меморандума за соработка меѓу Интел и Министерството за Образование и меморандум за соработка меѓу Интел и Министерството за Информатичко општество, по што започна здружената иницијатива на Интел и Макоднската Влада  за имплементирање на современи технологии во процесот на едиукацијата но и на други полиња. Како потсетување, во Ноември 2009, Интел испрати експерти во Македонија и ја започна обуката на македонските наставници за спроведување на 1:1 моделот за електронско образование. Првите наставници обучени од Интел понатаму работеа како обучувачи на 1.000 наставници ширум Македонија, со цел да ги адаптираат новите технологии на локално ниво и да ги применат во наставните програми. Придонесот на Интел вклучува обука на 1.000 наставници, обезбедување на локално адаптирани лиценцирани материјали за настава и обезбедување на прирачници за наставниците преведени на македонски и албански јазик, за имплемнирање на програмата низ цела Македонија, како и донација  на лиценци кои ќе им овозможат на училиштата да користат содржини и софтвер достапни преку Intel® skoool™ Технологијата за учење и настава – интерактивни веб-ресурси за учење на математика и другите науки.

Во тек на претходниот период, активната програма за воведување на технологијата во едукацијата ја мотивираа бројни активности поддржани и организирани од Интел меѓу кои Лидерската конференција одржана во Охрид 2010 и наградувањето на основните училишта и најиновативните одделенски наставници кои најбрзо ја усвоиле технологијата и комјутерите во наставата.

Со тоа Република Македонија стана првата земја на Балканот која ја имплементираше иницијативата 1:1 електронско учење во овие размери на државно ниво

Децата денес се идните иноватори  но и создавачи на нови работни места-изјави Бернадет Андриети, директор на Интел Европа. Според него технологијата може да направи разлики во трансформирањето на образованието во 21 век.

Пишува Вики Ристоска

Next Post

Сите сакаат да бидат Македонци! Стоп на Грчка Пропаганда!

Fri Dec 9 , 2011
<p><img src="http://www.crossed-flag-pins.com/Friendship-Pins/Greece/Flag-Pins-Greece-Macedonia.jpg" border="0" width="300" height="220" style="float: left;" />Бугарите од мали нозе ги учат дека Македонците се Бугари и дека Кирил и Методи се Бугари исто и Климент и Наум биле Бугари ..Ние знаеме дека сме Македонци и никој не може да не убедит поинаку ... Претпоставувам и Грциве ги учеле нешто слично па затоа нивната Пропаганда не престанува .</p>
Драхма 1982

You May Like